исто (прил.) - како (прил.)

Во влакното, иако е тенко, е нашиот ген. Сите особини на човекот се во влакното, исто како во останатиот дел од телото! – зборуваше Трајанка...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Оној што умрел на постелата на која се родил - исто како да не умрел. Уште малку и ќе си се вратам дома...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа просто се гадеше од самото име Македонија исто како Евреин шо се гади од Палестинец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„И јас би сакала да бидам јака, Кети, за да можам да работам исто како тебе. Барем ќе се обидам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но младите сопруги и сопрузи, чии газиња кога тие се раѓале доктор Станеф ги плеснал за првиот плач, сега доаѓаа кај него како пациенти, исто како што порано правеше претходната генерација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие паднаа во молк во кој можеа да си ја слушнат мислата, единствената мисла што им ја гризеше совеста исто како што црвот ја гризе срцевината на јаболкото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, и покрај фактот дека овие приказни внесуваат одредена детерминираност во животот, тие ретко успешно излегуваат на крај со сите непредвидени околности кои искрснуваат во “животот како таков”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова вклучува идентификација на настаните и искуствата кои имаат помалку директна врска со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потем го извадија мојот есеј, под шифра „Соломон 909“, го ставија на маса, и рекоа (поправо Луција рече, но тоа беше исто како да кажал и Фисот); „Господине Јан Лудвик, дали е ова ваш есеј?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој случај, тој звучи релативно пристојно и функционира исто како што зборовите „сопруг“ и „сопруга“ им функционираат на венчаните, упатувајќи на сексуален идентитет без изречно да го става во преден план она што во него е сексуално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Работата тешко дека ќе постои. Повеќето физички работи ќе бидат извршувани од автоматизирани машини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто како што робовите, слугите и проститутките беа терани да ги продаваат своите тела во времето на преддигиталните стадиуми, луѓето во 2008 ќе ги продаваат своите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Андриќ сфатил дека ѓаволот го повикува на кавга, па му рекол дека во литературата, исто како и кај парите, има едри и ситни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега беше толку ведар, така што речиси и не се чувствуваше себеси, исто како и да не постоеше, затскриен зад шпелите во таа цибрина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше многу работи за дивите кози. Знаеше како треба да се ловат сите дивинки, но за дивите кози тој сега просто почувствува по својата кожа како му се приближуваат оние волшебните пет минути, што се потребни за тој лов, исто како што е потребна и пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш потропувањето се повтори. Беше исто како да тропа човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега стоеше на прозорецот и го сеќаваше со целото тело блиското живинче во неговите нозе како стои со исправена глава и исто како него загледано во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претставата ја слушаше и некој кој во секој момент можеше да притрча и да ми се најде, ама уживаше исто како и јас, дури и повеќе, а буричкаше во карпите како мало дете што собира каменчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, има само една фалинка. Тој се однесува исто како маж Црногорец, кој не се помрднува од место, исто како оној што ќе го заглавиш со шрафцигер, па не сака ни долу, ни горе...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За шоферлукот и таксизмот Откако положив од прва, по земени 100 часови „вожња“, со укажување дека дозволата ми е дадена ептен за потреба, а не од чепат, знаев исто како да ме учел - никој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И може секој да лаже, ама очите, спуштените капаци што ја голтнале шминката, а таа не сокрила ниедна од брчките и само кога долго ќе трепнеш, плус со задршка, ќе заличат волшебно Тие и сјајот во нив што некој го изгаснал, исто како ламба во мракот што со плесок на две раце се гаси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А ти, во рикверц ќе бегаш, исто како сега, додуша во автомобил.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исто како во овој сив, циркуски сандак, исправен на четири јаки тркала.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Прашуваш како! Исто како грогиран боксер, немоќен да се спротистави, но желен да го продолжи мечот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не се чувствувам исто како порано. Сите перцепции се различни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Неверојатен сензибилитет и вештина! Честитам и Ви пожелувам и понатаму да го развивате овој талент исто како и пишувачкиот.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти ќе бидеш уништен за минатото, исто како и за иднината. Ти никогаш не си постоел“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Омразата продолжи исто како и пред тоа, беше променета само нејзината цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сознанието дека таа е таму, неосквернавена, беше речиси исто како да се и самите во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше дека мисли оти е сосем природно што „ тие“ сакаат да те лишат од задоволствата, исто како што ти сакаш да одбегнеш да бидеш фатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа веднаш ја зеде ситуацијата во свои раце, исто како и во кантината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едноставно голтаа сѐ, а тоа што го голтаа не им нанесуваше штета затоа што зад себе не оставаше ништо, исто како што зрното пченица минува несварено низ телото на птицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се живее од денес до утре, од недела до недела, вртејќи се во сегашноста која нема иднина, беше непобедлив инстинкт, исто како што белите дробови секогаш ќе го земат следниот здив, сѐ додека има воздух на располагање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првото поглавје, исто како и третото, не му кажаа практично ништо што тој не го знаеше, тие само го систематизираа знаењето што веќе го поседуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Си живеат, шо се вели, исто како браќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стана плен на лакомост и гордост на твојата икона, лажниот светец суетата вешто го зароби духот исто како непрогледан слепец Стадото на лукавиот сѐ повеќе расте и неговиот пат е простран и широк а животот страстен кога ќе спласне ќе тонеш во мракот духовно сирот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На сивата корица, исто како и на неговиот зелен блок, стоеше насловот „Продавница за љубопитните“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Исто така, според раскажувањата на мајка ми, Јован бил способен маж кој успеал со капиталот што го имал да создаде уште повеќе и да ѝ изгради голема и убава куќа на Олга во предградието на гратчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зедов цела шницла и исто како претходниот ден ја набутав во уста и полуизџвакано ја изголтав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме следи, ме прогонува и ме мрази. Исто како мајка ти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто како со детето. 20.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го уништи мобилната телефонија исто како што парната локомотива ја уништи поштенската кочија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
АЦО: Што да рекламирам? Гледам бојадисано ново, нема белки да ја отворам машината за да рекламирам. И сабајле чука, исто како порано.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го познавам јас него, и тој, исто како и јас, обожава необични и опасни случки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира дека ме прекори, ме искара што сум била толку невнимателна и толку непромислена да отидам во третиот дел од паркот, и тоа доцна попладне, ми се закани дека своерачно ќе ми ја скрши главата ако тоа уште еднаш ми се повтори и ме посоветува, онака братски, малку да ја видоизменам приказната попладне, кога на состанокот ќе им ја раскажувам на нашите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)