исто (прил.) - како (предл.)

- Зар не сте виделе мечка! – Одговори Дедо Мраз, исто како и тие, нестрпливо да дојде до белото животно. – Мечкава е првиот знак дека сме близу до светот што го бараме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во самицата ми е исто како надвор, а може и полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ќе поверува дека Ескимите некогаш биле бели, бели, како сирење, исто како белите северни мечки!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)