Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко ми секој вторник ја посетува баба ми, која веќе е нестрплива да замине кај јунакот на моето детство. Брза како што јас брзав да пораснам!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сѐ едно исто во различното!
Сѐ едно цело расчестено!
Злодобар Дух, првотен Бог!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од тогаш повеќе ништо не беше исто во семејството на Кривошееви. Ништо не беше како порано!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)