Отвори ги очите — исто гледаш, затвори ги, пак исто... 38.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сите бевме задоволни: Лествичникот пак Писмородец стана, престана да ме бие, логотетот се умири, и сите слова само едно значење добија, само една душа во секое сочинение се настани. И сите исто гледавме, и јас еднакво.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А гледам, пак исто гледам, вели а ништо исто не видувам. Пак на иста страна се стемнува, вели, а вемерите не се исти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вака изгледаа тие две нешта, за кои не знаевме што се, дали живо или неживо нешто, дали билка, животно или камен: Ни ги подаде чудните сочиненија, сите тринаесет еднакви, како од еден обид да се нацртани сите, и ни рече: „Гледате ли што има нацртано на книгата?“ „Гледаме“, рековме. „Дали сите исто гледате?“ „Исто“, одговоривме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)