Повикувајќи се на стандардната поделба меѓу кралици и трејдови, тој ги задева членовите на салата, повикувајќи ги да се идентификуваат со говорничката што ги изрекла зборовите, а со тоа и самите да се постават како кралици, а спортските јунаци од одбојкарскиот тим да ги идентификуваат со нејзиниот бучовски воинствен предмет на љубовта и така да ги претстават како трејдови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машкото геј-присвојување на Ritorna vincitor! имплицира не само меѓуродова идентификација туку и истополова еротска желба, не само женствена субјектна положба туку и хомосексуална и мелодраматична положба – став на очајничка, забранета желба за воин јунак.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одново, сведоци сме на умножување на гламурозните и на абјектните улоги, како и на признание за уживање во самата мелодраматична форма.
Но ако она што го преоткриваме тука е хомосексуалната љубов кон мелодрамата, не можеме да не ја забележиме валоризацијата на мелодрамата како средство за искажување хомосексуална љубов, восхитот кон машкиот предмет на љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во целосната, несебична задлабоченост во бочно прилепените куќи од осумнаесеттиот век или во музичкиот театар или во сувенирите од Џоан Крафорд – во сите тие „исечоци, кутии цигари, ретки стари фотографии, писма, филмски ролни и колажни споменари“ во збирката на Нил Мачијевски (како што е опишана во списанието Аут травелер) – некои геј-мажи можеби гледаат можности за доживување силен занес каков што самата сексуалност, од која и да е причина, не им го овозможува и не може да им го овозможи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фелоус прекрасно го доловува оној вид неиронична, религиозна посветеност што е карактеристична за некои машки геј-културни практики – посветеност што не е ни отворено кампеста ниту имплицитно сексуална, што никако не упатува на гејството и што повеќе има врска со целосната, сериозна, духовна внесеност во естетскиот предмет, кој се почитува и самиот по себе како апсолутна вредност и како бегство од сопственото јас, вклучително и од сопствениот сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, културните практики им даваат на геј-мажите вентили за страстите што му припаѓаат на ред наводно повисок од сексуалната активност и што дури може да спаѓаат во естетското, во духовното или во несебичното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362
Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)