Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И така, околу пладне, по најголемата жештина, кога по ливадите и полјанките го славеа долгиот летен ден илјадници невидливи штурци, скакулци, бубалки и кога прегреаниот воздух трепереше од нивната врева, по косата патека што се протегаше преку ливадите кон угорницата, бавно се движеше мала колона, предводена од дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)