Одвај се сеќаваше зошто воопшто се побунил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби некој би рекол и зошто воопшто се оддолжи толку или би се чудел зошто воопшто почна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кој, кога и зошто нешто рекол? Зошто воопшто некој нешто вели? Зошто воопшто нешто, а не ништо?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога пред триесет години ја запозна, тој во неа ја препозна својата Шехеразада – нејзиниот глас, топол, мелодичен и лелеав, како свилен превез ги покриваше зборовите што му ги кажуваше, навидум обични, и им даваше и тежина и леснина, па тие де му ги притискаа градите де го подигаа една стапка од земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога ја слушаше како зборува со ќерка им, топлината во нејзиниот глас го омамуваше и го потсетуваше зошто воопшто и ја зел за жена.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Што ќе се напиеш а и зошто воопшто?“ „Еликсир на љубовта. А ти, каде беше до сега?“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Токму во овој контекст на родова паника околу „забранетата фантазија за машко театрално покажување“, а оттука и на сомнителниот статус на машкиот изведувач, мајката, според Д. А. Милер, го покажува своето вистинско значење – и како извор и потврда на синовата желба да изведува и како давателка на исклучително скапоцена општествена дозвола (75).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, зошто воопшто би ѝ се јуначел на таква стигма ако претходно не бил врбуван преку (постарата и пожилавата) моќ на поттикнувањето?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сега сфаќам зошто воопшто ја изведов. Се работеше за машка суета. okno.mk | Margina #10 [1995] 107
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Или само бавно дишат, и со тоа вдишување и издишување поттурнуваат некоја болка која им стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постојат ако постојат вака, и среќни се сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа ги совладува уморот создаден од обидот да се справат со звуците; пискотниците и криковите на психијатриската клиника Гнездо како да се оддалечуваат од нив, како да доаѓаат од далечината, и повеќе не се човечки гласови, туку звук кој го создава ударот на човечката болка, претворена во гнев, по гонгот на судбината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа го слушав бавното дишење со кое како да поттурнува некоја болка која ѝ стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постои ако постои вака, и среќна е сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако исчезнале како никогаш да не ги било, тогаш зошто воопшто биле?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа ја совладува уморот создаден од обидот да се справи со звуците; пискотниците и криковите во психијатриската клиника Гнездо како да се оддалечуваат од неа, како да доаѓаат од далечината, и повеќе не се човечки гласови, туку звук кој го создава ударот на човечката болка, претворена во гнев, по гонгот на судбината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И зошто воопшто било потребно неа да ја бараат?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Што мислиш ти: Јас сметам дек сите оние кои дружат со некоја силна желба не се спремни да ја напуштат надежта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и не се знаеше кој треба да го одбрани а кој да го освои тој проклет куп земја и камења, и зошто воопшто му требаше некому!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Секако дека е смешно, но мораш да се потрудиш да ја направиш својата работа вредна колку што може тоа да биде и колку што навистина вреди, инаку, по ѓаволите, зошто воопшто да се работи?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)