Зошто и на сто години луѓето викале „леле мајко, зошто ме роди".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тука - зошто паднав ја? зошто ме куршум прониза, зошто ме земја притисна - за кого лудо загинав?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Кога ги прашував зошто ме тепате, тие ми велеа затоа што носам црвено пaлто, значи штом носам црвено, сум комунист.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Затоа продолжив да соработувам со дечките зошто ме привлекуваше нивната незрелост и желба за докажување.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Постојано му беше љубоморен зошто ме запозна пред него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Офкам, лелекам, им се навикувам зошто ме тепаат, ги пцујам...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само, зошто ме прашуваш токму за ќерката на Радичков?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Разбирам зошто ме забораваат.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
А ти, зошто ме советуваш?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тргнав кон своето место, зад Луција. Таа го избегна мојот поглед, оти знаеше зошто ме викнал директорот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Зошто ме праша за реинкарнацијата?“, рече Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Зошто ме бараше?“ „Затоа што си лекар. не јас, брат ми.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се исправи, сиот свртен кон противникот, кон неговиот глас: „Зошто ме навредувате? Ваша жена ли милував?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
— Зошто ме казнуваат вака, велам, зошто уште ме мачат?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И само да се прашувам: кај ја однесоа неа, господе, зошто ме оставија мене?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ах, мајчице, зошто ме роди?!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Зошто ме запраша за митровденчињата, Ѕвездо моја?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Потврдив, зачуден: зошто ме праша за најневажното од тој настан?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Слушај, народе, неразбран. Чии сте вие сведоци и зошто ме апсите?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но попот се бунел, пијавиците на набожноста му ја цицале крвта однатре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не, - рече таа, - зошто ме прашуваш, така ти изгледам?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мајка ми има неразбирлив ракопис и постојано се чудам зошто ме тера да пишувам убаво кога и таа самата тоа не го прави како што треба.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- А зошто ме вика?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Но јас здјес, Васј, зошто ме натажуваш?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Посакувам да бев малку повеќе прониклив. Сакам навистина да расчистам со причината зошто ме зедоа со нив?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Немате слушнато зошто ме бараат? Зошто сум им потребен? - го прашав колку што е може повнимателно мојот потчинет Вртанов, а во врска со наредбатата на убавата Росана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Еда, како ме сакаше Ракида, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, зошто ме сакаше, да му’бам мајката, еда, што велеше кога ме сакаше, ќе вели и пак ќе тргне низ шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зошто ме влечкаш, вели, зошто не ме пушташ да си одам право дома?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А зошто ме чекаш, ѝ велам јас, болви за да ти тепам меѓу колена? И ѝ врзувам една шлаканица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)