зошто (прил.) - плаче (гл.)

Сега не знаеме зошто плаче Клавдија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Што правиш, Силко? Зошто плачеш?” го прашуваа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Самовило моја, зошто плачеш?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Знаев оти се лажни, знаев оти се нечисти, проклет да бидам, зошто плаче кога по првиот чекор жив ќе го изеде вујко ми за оние зборови кога ми рече дека ќе ме врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зошто плачеш, малечка“ - слушна зад себе.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бргу изнаредив повеќе дрва за побргу да се испече лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Минк, зошто плаче Пеги-Ен?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)