зошто (прил.) - нема (гл.)

- рече Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- А зошто нема?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Наместо устата и чмарот кои лесно се расипуваат, зошто нема една дупка за секаква цел, која и ќе јаде и ќе исфрла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нему целиот стомак му се креваше и спушташе и така ги прдеше зборовите. Капираш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, во општото разграбување на Имотот и на покуќнината Акиноски, зошто немаше кој да брани, веќе никој од нив не живееше тука, Борис Енда, кој беше раководител на месната канцеларија, мислејќи си дека е ковчежето полно со злато, го украл.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи, да летнев како јунак в бој!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Е, зошто немаме? Ќе ви кажам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„А зошто немаме цветчиња?“ - продолжи да прашува братчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Се храни со сирова храна (зошто нема кој да му готви), грицка непечен сончоглед, голта семки, клие пченица, пие вода со магнезиум.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зошто немаш калци, зошто имаш калци? Не си никако.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само своината ја оставам таму некаде во споменарот, зошто нема што друго да правам со нив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Друг се срами што ништо не сака, па и тоа му претставува проблем, зошто нема од каде да црпи инспирација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само прстенот нема крај зошто нема ни почеток.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќи, зошто нема куќи? А и таа проклета станица, каде е?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Според есапот што си го правеше Чана излегува дека во исто време ќе донесат на свет нови чувеци, само се чуди зошто нема мачнина како што кажуваат жените, или она ќе биде една од ретките што плодот нема да ја мачи?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како што се редат матушките Така си се редат и соновите Се до оној помалиот од најсекавичниот сон Кој ги разбрал матушките Лесно ќе разбере и зошто немаат крај источните сонови И на кој начин се одржува нивната историска свежина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека едно неделно утро не го прашав татко ми: А зошто нема две дупки?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Уморни очи, скржави солзи, рамнодушни погледи и ладни чувства, како стареат луѓето се навикнуваат на рамнодушноста, стануваат кербери, фанариоти, чувстваат константна неудобност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се будиме ли еден ден сами со своите тајни, тешки како олово, поради изборите што сме ги направиме за да преживееме или тоа ни е само изговор зошто немавме храброст да останеме и да се соочиме со животот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го оживувам сеќавањето на секоја приказна од мојот живот без вина и каење, зошто нема за што да се жали, на крајот ќе ни биде мило што излегло како што е, тоа е вистината вредна за раскажување, јас сум единствен сведок на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето повеќе не можат ни да заспијат на тие пусти проклето ладни перници, зошто немаат за што да сонуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Дали добрите луѓе прават лоши животни избори?“ Речиси секогаш!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто нема чистачи на човечки образи?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мојот клуч не знае да ја заклучи вратата на тајното сениште зошто нема своја дарба своја душа и потонување.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Јас воопшто и не се плашев зошто немаше од што.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше речиси утро кога легнав на креветот, жалејќи зошто нема да стигнам на време на плажа, зошто после бурната ноќ, морав да го поминам денот во спиење за да стигнам свежа на работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смешно, зарем не. Сега сите тие луѓе кои на деветнаесет години ги служев кафе, виски, им менував пепници (меѓу кои беше и тогашниот претседател), ми го враќаа кафето зошто немало доволно пена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)