Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие се секогаш отворени зиме и лете, а низ нив годишно минуваат и по милион гости - евтино, во природа, со добра кујна, а по желба може да се приготвува и јадење, но тоа во Белгија не се исплатува...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А зиме и во војна сите таги се исти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во рускиот јазик, валенкис-от не се само мастилни чевли кои се ставаат подеднакво зиме и лете, тие се подеднакво и симбол на конзерватизмот и на провинцијализмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)