Адријан поспано и зашеметено кажува дека се чувствува “задоволен”, што не ме чуди после половинката што ја зема и после двете пинти во кои потона пред ручек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Обајцата лежиме навалени под агол од 20 степени; обајцата топли; задоволно наполнети откако претходно изџвакавме полн куп јагоди, манго, сендвичи и пола шише од искричавото Burgundy.