затоа (прил.) - се (зам.)

Затоа се припрема одвечер и на оган од суви гоедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тоа име го искажуваше презирот на Грците, а не и достоинства на Бугарите, затоа се придружуваше со зборот тврдоглави или „хондрокефалос”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму затоа се осеќам компетентен да говорам за алкохолот како суштинска и историско цивилизациска придобивка која се спомиња и у библијата (Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања ап. Павле) како напивка која живот значи .
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Па затоа се задржа уште неколку минути во разговор со старецот, чие име, како што откри, не беше Викс - што можеше да се заклучи од натписот над продавницата - туку Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа се изненадија кога ја видоа Божана како се враќа од некаде со полна фута.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има голема глава, кусо дебело тело, има цик-цак шарка на грбот и мало рокче на устата. Таа може да се џирка и затоа се вика џиркалец...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рече дека ставила две лажички кафе, преполнети, па затоа се исчудуваше како тоа кафето што го сваривме да се стрефи толку тенко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков: - Сигурно и самите заклучивте дека во оваа игра што ја практикував повеќепати (а може да речам и често) секогаш соучесник ми беше татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука па натаму престанав да ги прецедувам објаснувањата на Ѓурѓија бидејќи наеднаш ми наиде на ум зборот на Синесие кројачот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги имам играно повеќепати! Затоа се обидов да дообјаснам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И реков дека има и други лажици, нив не треба да се мачиш да ги преполнуваш а кафето ќе излезе токму такво какво што го посакуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа се собрале во Едрене најсилните јаничари и пошле на арапски биниши да го бараат ајдутот Парамон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До султанот и до неговите паши стасале многу поплаки против одмаздникот, шербетот што го пиеле им станувал горчлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чудат жените што ми станало и затоа се крстат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)