Во овие стихови како да беше раскажана сета судбина во егзил на големиот Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И јас во детството, откако ја минавме со семејството со едно кајче блиската граница и останавме засекогаш емигранти, секогаш готови да се најдеме на облакот крај другиот брег, како во слика на Шагал.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но кога за време на фашизмот беше принуден да ја напушти Албанија со семејството и да го минеме ноќе Езерото со еден стар чун, станувајќи засекогаш емигранти, оставајќи куќа и земја, ние можевме да ги понесеме само неговите книги собирани во Цариград, како и француските книги од периодот на Големата војна во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)