засекогаш (прил.) - остане (гл.)

Истата таа година, во 1846-та година, точно на денот кога ѝ вадеше три месеци на мајка си, од Атина се врати и засекогаш остана на Имотот братучедот Јосиф Оносимов Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тој период датираа и неколку книги на француски јазик со посвета на генералот Мортје кои, главно, се однесувале на француското право и тие засекогаш останаа во Татковата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем ние се повлековме, но во нас засекогаш остана споменот за гревот на непрочитаната книга...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Божевото засекогаш останува божево како што за компјутерот човековото останува човеково.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„А за се бев виновна самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека еден дел од разговоров со Таша го водевме онаа вечер кога и го предавав решението за пензијата, или за помошта што и беше доделена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас само ќе додадам дека тетка Маца навистина засекогаш остана стара мома...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Патот од таа ноќ во нејзините мисли засекогаш останал како патување кон небото кое и се причинувало истовремено многу блиско но и толку далечно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше и една друга слика на ритуално милосрдие од детството која засекогаш остана врежана во мојата свест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да не бил никогаш во Цариград Знаев дека речиси во текот на целиот живот ми остануваше потрагата на татковата тишина како облик на живеење, на откривање моменти од неговиот живот кои засекогаш останаа отворени дилеми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттогаш поминаа многу векови, најпосле излеговме и од домот, доживеавме и посреќни и погорчливи часови, но тие неколку неразбирливи мигови, во моето младо и неопитно срце засекогаш останаа како најлош сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тоа не e сѐ. Колку ли се тие кои засекогаш останаа на гробиштата во источно-европските земји, поранешниот СССР и во поранешна Југославија? Бројки.... бројки... бројки....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Засекогаш останале во источните земји на Европа и како единствен белег дека тие тука биле се урнатите авлии, `рѓосаните катанци обесени на портите, мрачните отвори на прозорците и вдлабнатите покриви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Козарите потем бараа од Чанга да им прикажува за козата на Сеген, зашто засекогаш останаа засегнати од нејзината трагична судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кој го заклал тоа засекогаш остана тајна иако беше повеќе од јасно дека Раде е жртва на оние кои мислеа или пак отворено проповедаа дека се на страната на власта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само што, како што обично се случува, некои од љубовите на Генералот засекогаш останаа тајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
РОЗИТЕ НА ПРСТИТЕ НА АКСЈА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Една долга зима, напаѓа еден од најголемите снегови кој засекогаш остана запаметен во нашиот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)