Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Колосот кој го прегази целиот свет! Карпата на која залудно се нафрлаат ордите од Азија!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Залудно се трудеше да ја ослободи од тие авети, - да ја ослободи од чувството на човек кој залутал во страшна, непреодна пустина, каде што се секнати сите извори, изгубени секакви надежи... Залудно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Главната теза во дописот на Аполинер беше дека Германците залудно се бореле против француските зборови во германскиот јазик, сметајќи ги за бесполезни паразити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Момчињата со загноени мозолчиња залудно се преколнуваат навечер да ги потргне завесите, уште еднаш да ја видат како шета гола од соба во соба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас залудно се обидувам да ја спротивставам логиката на животот, за да дојдам до причините на заклучокот на А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во собата каде што лежеше болната Зорица пердињата беа толку дебели, што тоа залудно се обидуваше да продре преку нив.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Залудно се мачиш со твоите сомневања. - Ох, мили, скап мој, како да го пронајдам оној збор што ќе го изрази она чувствување на жената како мене, слезена вака ниско.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Откако се разделил од крвта
во којашто влегувал како во матка
залудно се привикннува на гледање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сетики, никогаш не стана свесен за ужасната бесмисленост на своите производи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)