Тогаш реши да ме побара мене. „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)