заедно (прил.) - оди (гл.)

Се буди. Станува. Ја фаќа мајка за рака и заедно одат во другата одаја. И тука е топло.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Викендите одеа во природа со децата, а преку лето целото семејство заедно одеше на море и кога се враќаа поцрнети и освежени раскажуваа за нивните „морски авантури“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Стигаме таму и таа наоѓа дилер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Купуваме уште еден грам и заедно одиме во тоалетот. Шмркаме, моите носници горат повторно и ние летаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сигурно Бојана раструбила низ цела работна заедница дека заедно одат на балот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие заедно одат на работа и заедно се враќаат од работа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Заедно одеа на скијање за време на полугодишниот распуст, заедно одеа на летување за време на летниот распуст.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
О’Хенри13 ПОСЛЕДНИОТ ТРУБАДУР Сем Галовеј неумоливо го отседла своето пони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа, како некогаш заедно одевме на лизгање и како ветерот й ги носеше зборовите: „Јас ве љубам, Надењка“, тоа сè уште не е заборавено; за спомен во животот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)