Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред да почне вечноста задолжително треба да се потсвирнува нешто на уста, нешто од Дмитриј Шостакович, на пример, онаа дека татковината слуша, татковината знае кога децата пролетуваат кон облаците.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Една недела пред Свети Никола Летен, се паша на 2 јуни стар стил, и е заеднички сведен на жителите на Потковицата, чупите, со еден ерген што сами тие ќе си го одбереа и кој задолжително требаше да знае да свири на к’рнета (кларинет), уште од раното, пеејќи и предводени од свирачот, одеа да ја исчистат црквата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – и тоа само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 денари, со согласност на странката (чл. 86, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со законот од 2007 година странците кои согласно одредбите на овој закон можат да се вработат, самовработат или да работат во Република Македонија задолжително треба да поседуваат дозвола за работа и регулиран престој во државата, додека 112 лицето задолжено да ја регистрира нивната работа, истата треба да ја регистрира како работа на странец, согласно со одредбите на овој р закон, со определени исклучоци кои се однесуваат на извршување на услуги врз база на потврда за работа, прецизирани со законот, а кои се од краткорочен карактер (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)