Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште повеќе го болат оние општи расправања во шаховскиот печат, во кои не се споменува ниедно име, но се зборува на пример за тоа дека титулата на шаховски мајстор не треба да се дава доживотно, ами мора во одреден размак да се потврдува, зависно од реалните успеси во турнирски среќавања, зашто - се забележува - има и такви мајстори за кои добивањето на таа титула го означува и крајот на нивниот развиток.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет), ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Терапевтите можат да ја минираат идејата дека тие имаат привилегиран пристап до вистината со давање поддршка на индивидуите во обидот за разбирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова може да се постигне со тоа што на индивидуите им се назначува степенот до кој учеството на терапевтот во терапијата е зависно од фидбекот (повратната врска) на клиентот во врска со неговите искуства за терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Три бели пласта, распоредни еден над друг, зависно од својата тежина, се слеваа во еднолична маса.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Разбуди се, му велиш, не се буди
заспиј, му велиш, не заспива
полубудно, полуживо
- распнато по краците
на логичките схеми на контрастите
зависно од глаголот
ти треба начин, временска димензија
просто да знаеш дали си и каде си!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)