емоционален (прил.) - туѓ (прид.)

Дури и практиките што навидум биле континуирани во текот на многуте години можеби се понестабилни отколку што изгледа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве и јас барам врска – само треба да имам секс со илјадници мажи за да ја најдам баш врската што навистина ја сакам. ‌Сигурно, општествените и политичките услови на геј-живеењето во изминативе педесет години се менувале мошне брзо, а со нив се менувала и геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А нестабилните интеракции меѓу машката геј-култура и нејзиниот хетеронормативен контекст постојано еволуирале.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иронијата со која сега ги гледаме филмовите со Џоан Крафорд, сигурно, е многу поинаква од иронијата со која геј-мажите го гледале Милдред Пирс во педесеттите и во шеесеттите, кога мелодрамата, општествените околности и родовите стилови не изгледале толку неверовито, па затоа и не толку емоционално туѓи колку што изгледаат денес (поради што ниту една универзализирачка, психоаналитички формулирана теорија за геј-гледателството не може да ги објасни геј-практиките на гледање и сите нивни особености).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)