Тој се прашуваше нејасно колкумина се како неа во нејзината генерација - луѓе кои израснале во светот на Револуцијата, кои не знаат за ништо друго, кои ја прифаќаат Партијата како нешто непроменливо, како небото, кои не се бунтуваат против нејзината власт, туку едноставно ја одбегнуваат, како што зајакот го одбегнува кучето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговата екстензионална дефиниција е во поими на сличност и контраст . . . Kelly може да примени бинарна логика третирајќи ги сличностите и разликите независно едни од други, со привремено игнорирање на третиот поим. Kelly-евиот „екстензионален” пристап на операционално дефинирање на односи помеѓу конструкти, кој ја дава логичката основа за „импликациската решетка” на Hinkle (1965), и подоцна, „биполарната импликациска решетка” на Fransella (1972), едноставно ја игнорира интензионалноста.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)