еднаш (прил.) - двапати (прил.)

И јас, еднаш двапати, ја разбрав работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Направи неколку пазарлаци, купи брави, овци, кози, ги затера во Битола, се поврати уште еднаш двапати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прошета уште еднаш двапати горе - долу, потоа застана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почнаа луѓето да се прашат од каде му се тие пари, но тој ги матна дека ги дигнал на заем од бабата Цвета од Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бабата Тода го праша еднаш двапати и кога виде оти нејзиното Јоше не мисли за живот, си ја поткасна устата и веќе не му проговори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)