еднаш (прил.) - до (предл.)

Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш до двапати неделно нашите мајки нѐ бањаа во пространата кујна, која што беше единствена просторија каде што подот беше од истапкана земја.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)