еднаш (прил.) - дете (имн.)

Тогаш се плашев: еднаш детето секако ќе треба да носи долги панталони.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не бре, велам јас, да ги исправам еднаш децата на нозе, па после...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш се плашев; еднаш детето секако ќе треба да носи долги панталони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Барем еднаш во животот курбан во темел да ставиш мајстор на чатија да ти пее еднаш детуле да си родиш и уште в скут да ти се смее а натаму душа да ти вади.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)