еднаш (прил.) - ѝ (зам.)

Исто така забележа дека пред да исчезнат, одат до шалтерот за билети, му кажуваат нешто на службеникот и добиваат билет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна кога се разбудил, се запрашал, „Дали сум јас пеперутка која сонува дека е човек?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
11. На една Ескимка која ниту зборувала ниту разбирала англиски еднаш ѝ бил понуден платен пат до САД и 500 долари за да ги следи сандаците со починатите за Америка, каде требаше да се изврши погребот. Таа ја прифати понудата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа еднаш ѝ реков: - Слушај, ја признавам привлечноста на младите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Книгата ја пишуваше длабоко во ноќите, кога се храбреше од енергијата која се ослободуваше во нашите соништа во градот крај реката, како што еднаш ѝ се доверил на Мајка!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога еднаш ѝ наговестила дека нејзиниот сопствен брак е несреќен, таа отворено ѝ предложила сопругот да го чува за издржување, а на друго место да бара страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во моментот кога ѝ кажа за разводот, сето тоа, за миг, уште еднаш ѝ помина низ главата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не е свесна зошто тоа го прави, еднаш ѝ проблесна дека можеби кога ќе пристигне Костадин овде за полесно да ја пронајде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Важно беше што само еднаш ѝ го споменал името на Пелагија и тоа како Су адно тувар тижина, мори Пелагијо, уд грдите те уткина ми са чине, ет су таква тижина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не ѝ кажав од што се плашам, но таа претчувствуваше дека не ми е страв од она што го гледав таму, туку од она што го носев во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко одев кај Клара, и еднаш ѝ реков: „Толку многу сакам да те гледам почесто. Но страв ми е да доаѓам овде.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)