еднаш (прил.) - ти (зам.)

Еднаш ти кажав. Се говори за тебе и за онаа црнка од болницата, ти реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му реков, немој да заборавиш, еднаш ти кажав, те предупредив дека сѐ знам, дека сѐ претчувствувам и не може да ме излаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што може да се случи? Газиш по истите стапки и фаќаш на истите места каде веќе еднаш ти фатила раката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Добра ноќ, Оче Симеоне, но кој лекар еднаш ти рече - урнете ги болниците во името на здравјето и преплавете го градот со зеленило и водоскоци?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)