еднаш (прил.) - те (зам.)

Еднаш те љубев со затворена уста... те гледав со затворени очи... толку силно, толку темно... но доволно за да не те загубам во мракот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еднаш те зарадував или те растажив, не знам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Нани ми чедо, заспи ми, порасни јунак на мајка, еднаш те мајка родила, еднаш те сакам да умреш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Амо уште еднаш те видам – мртов си. (Му ги разгрнува градите на Гаврил. Ја гледа раната. Вади пара. Му ја дава.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Само еднаш те забележав тебе...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Правеше напори Богуле пак да ја сретне, да ја разувери, но еден ден татко ѝ го забележа каде што се врти околу куќата и му свика: - Ако уште еднаш те видам да ѝ додеваш на ќерка ми, ќе те прекршам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)