еднаш (прил.) - сум (гл.)

Не еднаш сум ти прикажувала, дека црна ја поминав.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Досега само еднаш сум патувал со него, и тоа пред неколку години, кога учителот нѐ поведе да нѐ запознае со градот и да го видиме сѐ она што го нема во нашето село.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Јас еднаш сум го чекал цела вечер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Зарем еднаш сум го спомнал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе од еднаш сум ја видела нашата мачка како, подвлекувајќи ја шепата под оклопот, ја фрла бубачката во воздух, па потоа клекнува додека инсектот паѓа, симулирајќи скокови - но тогаш беше ден; инсектот е мртов и таа веќе не е заинтересирана; веднаш ќе се оддалечи. Таа слика го замени скокањето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие нема да ме стрелаат само затоа што еднаш сум излегол од колосекот, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)