еднаш (прил.) - нема (гл.)

Ми се чини оти јас ошче еднаш нема жива да остана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мечката, што го имаше речиси преполовена просторот меѓу нив, се исправи пак и вресна толку ужасно и превивајќи се, што тој прво помисли дека таа уште еднаш нема да биде во состојба да ја пронајде посоката кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А после, кога виде дека самјакот продолжил понатаму, знаеше дека повеќе ни еднаш нема да го настигне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа знае дека Далтон мисли дека тие се посирови, без фасада, поблиски до некоја архетипска зима без дволичност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За тоа ни еднаш нема да зборуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе биде само нешто на аголот на нивните насмевки, како приватен карневал што поминал низ град и можеби сте го виделе еднаш на кратко па го снемало.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)