еднаш (прил.) - мора (гл.)

Болеше глуво и постојано тоа сознание за старецот, беше една судбинска болка за животот, што еднаш мора да заврши, и тоа сега на сите оние трагови од неговите старечки раце во овие простории им ја даваше болната можност да потсетуваат на себе тажно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште порано, ни сам не знам како, бев уверен дека тоа што се случи тогаш, еднаш мораше да се случи и итро се наведнав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Ова да ви е за последно, вели, оти еднаш мора да се чуе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И онака еднаш моравте да го дознаете сево ова.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш мора да се реши. Еднаш, и тоа бргу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)