еднаш (прил.) - може (гл.)

Си го капеше своето лице во таа богата синевина, ги собираше со својот поглед сите нејзини заискрени и невидливи бели прашинки виделина, а еднаш можеше да го открие таму и сосема синиот и усвитен и полн круг на зимното сонце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа траеше еден век, а за тоа време не постоеше повеќе ништо друго, освен оние рапави, скокоткави допири, пред кои тој еднаш можеше само да ја повлече едната, а на нејзиното место да ја подаде другата рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш можеше да се исправи. Набргу можеше и да продолжи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стариот професор од тоа беше и изненаден, но и одушевен - уште еднаш можеше да си рече дека добро направил што го прифатил кучето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш можеш да ми веруваш.“ „каков домаќин, што ти е тебе?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И Змејко не еднаш можеше да види, додека шетаа по оние големи дуќани и додека разгледуваа сѐ што имаше таму, како една рака се изделува од нивната китка и посега таму, каде што не ѝ беше местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)