Би можело да се каже дека кај Leonardo сцената на спарувањето е развиена и во доменот на дводимензионалноста со еден сагитален пресек во однос на рамнината на еден лист хартија, она што низата од четирите еротични скулптури на Duchamp - од Not a shoe до Objet-Dard - го изложи тргнувајќи од тродимензионалноста на волуметрискиот предмет. ]е им пристапиме уште и на Leonardo-вите анатомски цртежи на вулва, во сета нивна груба соголеност и изложувањето на истиот орган во околината на Филаделфија, Со оглед дека..., каде што на погледот му е дадена, среде еден давинчиевски пејсаж еднакво таинствен како што е оној низ кој излегува Mona Lisa, енигма на една друга насмевка, овој пат вертикална, и која не е засенчена со никаква влакнавост во гарантираната анонимност на суштеството што ни ја нуди.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)