Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквите склоности не одразуваат само различни филмски вкусови и, воопшто, прашања на естетска пристрасност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, гламурозноста на Дејвис, која е еднакво сјајна како онаа на Крафорд, изгледа е многу понесврзана со абјектност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, иако веројатно е претерано и прешематско целото тоа конвенционално сфаќање дека двете глумици отелотворуваат спротивни идентитети и типови на личности, изгледа дека е неспорно дека особениот етос и особениот стил на Бети Дејвис предизвикуваат визуелно, емоционално, морално и сензуално дејство што е многу различно од она на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)