- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Вториот ден од патувањето му се откинало парче краста од незараснатата рана и едвај успеале да ја запрат крвта која му ја полнела устата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имавме некаква извидничка акција од која едвај успеав да се искрадам и да се скријам во „Психоделичната продавница”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Што мириса вака? - едвај успеа да изусти кога од горе се слушна уште еден очаен пискот на тетка Олга.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Затоа реши да покрене некоја станбена иницијатива, како, на пример, потпишување петиција за вградување на нов алармен систем и поправање на домофонот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога се врати во Виена му беше дијагностициран канцер, во октомври таа година му извршија две операции, во ноември уште една, му ги отстранија поддолновиличните жлезди, му ги извадија горната вилица и непцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)