Тој беше подучуван дека ќе се вивне во самите врвови на духовниот живот на заедницата, можеби и пошироко, неговата младешка волја беше насочена на животот во јешивата11, во поуките и верскиот живот и во амбициите, најнапред нивни, на татко му, на семејството, на вероучителите, потем и негови, да се совлада што повеќе и што подобро. Подобро од другите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ПОП ЈАНЧЕ: (едвај успева да се прибере).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ете, остана и без спомени. Се обидуваше да се сети на некоја палавост во детството. И едвај успеваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако во Париз бев растргана и едвај успевав да стигнам секаде-одење на часеви по француски јазик во Алиансата, брзање низ ходниците на метрото да стигнам на време за да се грижам за Патрик, одење во паркот со него, читање на литература за претстоечките испити на факултетот, тука во Бретања уживав во летото со сите негови убавини.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Третата дама излегува од слаткарница. Ѝ ја бакнувате раката, но таа е ужасно леплива и едвај успевате да ги одлепите усните.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)