8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со носењето на ЗРО (2005) паричната казна за одредени прекршоци за директорот или друго одговорно лице, кои претходно изнесуваа од 10.000 до 50.000 ден., драстично се намалија – и сега изнесуваа од 7.000 до 10.000 ден., при што евидентно е дека поранешната минимална сега стана максимална можна граница на казнувањето (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)