Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Беше веќе доцна ноќ, гледаше кон Тврдината, некогаш јаничарска касарна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во една таква доцна ноќ, кон крајот на 1948 година, кога во куќата светеше само жолтата Таткова ламба на чардакот, во нашата куќа, неочекувано и без тропање, се втурна сурија непознати луѓе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше доцна ноќ, во домот и во соседството се спиеше во длабок сон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еднаш, веќе беше доцна ноќ, далеку на небото виде бледа светлост, далечна светлост.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)