Во овој град не постои работно време за кафеаните, тие се отворени сѐ дотогаш додека има гости, а нив ги има и во ноќните, па и во раните утрински часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, овие мисли бегаат додека пак не се седне крај воланот и сѐ дотогаш додека тркалата не почнат да се валкаат повторно по германските автостради.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не, местото на престапот ги привлекувало престапниците само дотогаш додека тој факт не станал достапен на широка публика.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мајка ми не може да даде збор се дотогаш додека тој не одобри.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Така мојата инсталација е речиси пророчка.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа сѐ уште може да биде прекрасна сѐ дотогаш додека ја држиме на дистанца, во средиштето на фантастична околина, опкружена со ограда, недофатна, неостварлива.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Само се чудам зошто не се полакомиле и тие да душкаат од свој интерес по она што вие го баравте по заповед на Партијата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оној што се крие од тебе не е опасен сè дотогаш додека е сигурен оти избегнуваш да го пронајдеш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но само дотогаш додека сите тие нешта ќе беа обвиткани во тишината на неговите сонувања.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А до третата ноќ Тате можеби ќе биде тука на тремот сѐ дотогаш додека ние не бидеме веќе одамна подготвени за спиење, и тогаш ќе ја чујам Мама како го повикува да влезе, речиси исто така како кога мене понекогаш ме повикува од улицата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)