дотогаш (прил.) - невиден (прил.)

Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Осамениот волк што ги следел пред тоа, доколку тоа не бил отфрлен пес со глас на ѕвер, презафатен со изобилие на мрши и оставени дробови и коски, со тоа дотогаш невидено богатство, не ги следел веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ние заминавме успокоени верувајќи во ова најобично Татково заминување кое, според она што можевме да го разбереме, се одвиваше во невообичаени услови на дотогаш невидено расположение на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Подоцна се знаело дека бегале од чумата, од тоа вековно страшило на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)