Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)