дотогаш (прил.) - мирен (прид.)

Тоа лето, мачно и завриено, дотогаш мирниот ропски живот во Потковицата, сосема го разгрна своето опачно лице и злосторничко срце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набргу по овие чудесии се разнесоа викови на дотогаш мирните граѓани: - Злато! Злато! Луѓе, злато!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Орлен Шумков и Богоја Гулабарин веднаш отрчале да го доведат својат пијан и дотогаш мирен другар, тој пак обајцата ги стресол од себе и продолжил да се врти околу куќата на Фиданка Кукникова страшно удирајќи си ги со тупаници градите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајца пријатели на Доце Срменков отишле кај челникот на дружината и побарале да го смири пијаниот - пие и пее но во нивното село не се пее без причина и во работен ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)