Последните дождови го излокаа патот, а и движењето на камиони беше доста големо. Само да излеземе на друмот Божиград - Билишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа се случи за време на изведбата на Super Of ficial Manifestation of Neoism, кога Lazer седеше гол врз едно доста големо пијанино; моја задача беше инструментот сосе него да го избуткам неколку пати во круг низ салата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Мала група, но доста голема за да го привлече вниманието на турската полиција со своето безделничење во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во градот еврејската заедница давала доста голем вишок на обична рабогна рака, така што за предимно неквалификуваната македонска работна сила просторот во градот бил многу стеснет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, веќе беше со подбелена коса и носеше наочари со доста голем диоптер.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Стоиме во строј и чекаме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ние гледавме како се собираат во ливадата, каде што беше подигната доста голема бина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но, ваквата нерамномерна оптовареност на судиите не е различно вреднувана, па сите добиваат иста [доста голема] плата – без разлика дали решаваат тешки случаи или ситни прекршоци. 307 обичниот македонски човек и работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од септември 2008, со посебно решение на Директорот на Бирото за јавна безбедност, Б. Н. е прераспределен на работно место полициски службеник кој врши полициски работи во една погранична ПС, коешто има статус на „работно место со посебни должности и овластувања“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Точно е и тоа дека нашите македонски судии 6 – „многупочитуваните“ членови на благородната каста на clarissimi et amplissimi viri (Кикерон), како да се заразија од вирусот на граѓанското студенило (Т.Адорно), па не сосем ја сфаќаат сериозноста на проблемите на 5. Цит. сп.Рајнхард Цимерман: Облигационо право – Римски основи на граѓанската традиција; Просветно дело АД; Скопје, 2009; стр. 349.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
МВР, каде што и моментно работи Б. Н., е доста голем и гломазен државен орган во кој, на државно ниво, се вработени околу 12.000 лица и којшто подлежи под посебни регулативи, а особено во областа на уживањето и остварувањето на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)