доста (прил.) - време (имн.)

Лежеше Ленка болна доста време...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Што бре за водата?“, праша Пере Катин, зетот на Сотира Лековски, кој божем, пред доста време, сакал да ја купи варта моја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради потребата доста време да поминувам во Цариград, во 1849 година реков за мухтар во Маказар да се избере друг, оти дотогаш, тие години, јас бев мухтар, коџобашија. Го избравме Лазара, брат ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Морав да се вратам на претстоечката работна задача, бидејќи тој ден изгубив доста време со глупости.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Станот му припаѓаше наа Том О Хорган, но тој му го издал на Стенли Амос, кој пак живееше само во задниот дел, (предниот и задниот дел беа споени со полутајни врати), но сиот Томов мебел беше сè уште внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во раните денови на Велвет Андерграунд, сите од Фектори таму поминуваа доста време и заедно се спуштаа во чајнатаун околу два наутро, а потоа на Флик на Втората Авенија на сладолед во четири или тука некаде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но оваа церемонија зазеде доста време, та конзулот тргна дури по полноќ, но сепак токму навреме стигна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На двајцата им требаше доста време додека да се одделат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Помина доста време, иако „доста“ е прилично неодреден збор во календарот на љубовта.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А оние сега како допрва да ги откриваат ѕидовите и нивната волшебна моќ да ги одделат од изгубеноста и им требаше доста време за да се изнајдат сосема и да почнат да ги бришат своите пушки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш доцна оние двајца молчеа доста време. Заслушани. - Го разбудивме човекон, - рече Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше доста време за да може да забележи како прво се испрекинуваат, а после како стануваат сѐ поретки, морничавите потреперувања на малото телце на срнчето, кое не забораваше да биде постојано притиснато некаде, во некој ѕид зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не. Му требаше за тоа доста време, но тој најпосле сепак виде дека тоа се само неколку блиски гранки, избрстени и црвеникави, порастени на врвовите на неколкуте околни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа доста време, дотогаш сигурно ќе може да ја сврши и работата, за која беше дојден, а за дванаесет до петнаесет дена времето сигурно ќе разјужи и тој според некаква направа во себе речиси со сигурност го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требало доста време за прилагодување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така доста време работевме на новите нивчиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Марсел, во доцните триесети и раните четириесети доста време му посветувавте на Вашиот Valise.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Сестри имам... Додека Марија го кажа тоа, помина доста време...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Хелвиг и Карл навистина стоеја до неа. Ѝ требаше доста време да стане свесна за тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Му прати и писмо. До одговорот помина доста време...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Имаше доста време до часот кога Хелвиг треба да дојде во хотелот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чана шетка и липа, не може душа да собере, и поминува доста време додека својата голема снага ја седнува на сламарикот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бидејќи не излегував, доста време поминував на телефон слушајќи трачеви и обидувајќи се да дознам што се случува и, секако, снимајќи го сето тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие закони првенствено се однесувале на домашните животни како стоката, и требало доста време пред домашните галеничиња, како кучињата и мачките, да бидат признаени за лична сопственост со тоа да стекнат правна заштита.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мацко доста време мјаукаше во непознатата куќа, и, кога им досади на домаќините, му ја отворија вратата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
До Ќутеза патот е лош. Ќе изгубиме доста време.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
“Сигурно доста време била овде,” му рече еден цајкан со стомаче на еден млад, кратко потшишан цајкан којшто клечеше покрај телото и си ја симна шапката како да се подготвуваше за “бакнежот на смртта”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кратко потшишаниот цајкан ⥊ ја отстрани косата од лицето и ја впери светлината од батеријата во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очите ⥊ беа затворени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако луѓето доста време го гледале со сомневање, почнале да го потпрашуваат, па така разбрале дека Петре чита апостоли и тропари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На нашите им требаше доста време прво да се организираат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Доста време поминавме така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, најверојатно, бил откриен каналот доста време по апсењето и прогонувањето на тие што го копале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)