доста (прил.) - му (зам.)

Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ка виде Ило ота Доста му игра, и он се слече! — вели бабата Чочалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кракатау: А јас сум Ајван.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едно време емисијата „Неидентификувано“ (студентско радио, сабота во 20 часот) не беше таква и поради тоа, ко некаков постхумен перформанс, ко пијана рецитација над гроб - а богами и ко одбележување на оние побизарни нешта во нашиов беден медиски простор (емисијава на крајот само ја потврди таа беда, тој недостаток на визија и концепт) - пренесуваме неколку фрагменти од подобрите времиња на таа емисија, но, рака на срце, прилично изменети со scissors-hands сензибилитетот на нашиот литературен адаптер, П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кој ги слушнал Каљостро и Кракатау - доста му е, кој не слушал - не пропуштил кој знае што (плус може да ги чита овие палимпсести, или фалсификати, ако повеќе љубите), но емисијава ќе остане така да лута низ етерот ко некој чуден документ за една мала, кревка андерграунд сцена, во еден “толку мал град што и глувците таму се чувствуваат стеснето”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Книги, музика, филозофии – доста му беше од сè, му требаше да почне вистински да го живее својот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За да се одбрани од зло доста му се десетина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
– „За гревови, завали штрк, рекла Неда, што сте го тепале, доста му е самотијата што е вдовец како мене, па сте го тепале.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но учителот не продолжува. Ја знаеше причината: Коле е бистар и бргу сфаќа, но нередовноста доста му пречи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)