допрва (прил.) - ги (зам.)

За набљудувачот тие придвижувања не изразуваат некакви веќе дадени разлики врз основа на идентитетот, туку допрва ги создаваат низ своето одвивање; за набљудувачот идентитетот не е даден, туку создаден; тој не се манифестира, туку искажува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој економски неред, со сето она што со себе ќе донесе во форма на социјални и културни нереди (сѐ поголемата невработеност во планетарни размери), неминовно ќе предизвика последици од кои денес допрва ги забележуваме првите сериозни ефекти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)