долу (прил.) - нема (гл.)

Кога дуваа силни ветрови одев во гостинската соба. Таму имаше вградено огниште кое никогаш за ништо не служеше, горе имаше кандило за украс, ќибрит, свеќа, една ламба и тоа беше сѐ, а долу немаше ништо поголемо послано, само рогозини, озгора ткаени килимчиња и секаде наоколу наредени ткаени перници полни слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Можеби долу нема никој, - процеди Иван.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Хи -и, кого ќе го удриме? Долу нема никој, - почна Стевчо да го уверува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)