Долго ги гледаше. Воздивна. „Празник на змејовите, нели?“ „Да, така е!“ „Јас ќе победам“, рече Мег.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И жали што секоја нова ноќ во која долго ги гледа блескавите ѕвезди му станува минато.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги одбираше најтенките листенца околу сламките и долго ги јадеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Членовите на комисиите, како бабата на Хандке, долго, долго ги бришат своите прсти од престилката откако ќе ја стокмат манџата од сите можни елементи што ја чинат невкусна, всушност, пресолена или презакиселена.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. Му се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И не какви било, а учени, умни и почитувани... - долго ги фалеше стројничката Мискарица момата и нејзината фамилија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)