долго (прил.) - стои (гл.)

Долго стоеше потпрен на левата плешка, со поткрената десна нога, бидејќи го болеше набодениот отпорано трн. Но никој не се појавуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај огинот останаа само Аргир и Веле. Обземени од своите мисли, тие и двајцата долго стоеја загледани пред себеси, без да проговорат или да кренат очи да се погледнат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долго стоеше сама. Ја плашеше тишината. Потполната безвучна тишина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ерик стоеше пред една фотографија. Му пристапив и го прашав колку долго стои тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знаеше. Го сака... Силно се приви до него. Долго стоеја замолкнати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пелагија долго стоеше пред влезната врата и просто се зачуди што го слушна гласот на мајка Перса скоро во ушите Си заминаа?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледавме како Дева Марија го придржува малиот Исус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долго стоевме пред „Богородица и детето Исус“ и „Распетието“ од Џовани Белини, донесени од музејот Корер од Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)