долго (прил.) - патува (гл.)

Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Минатото ко стар кофер отфрлен, од печалбар што долго патува низ светот со хипокритичен поглед, кој ја заобиколува вистината, за тагата што се свила во градите, за блиските чиј лик го заборавил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Другите „мајки“ велеа за неа: - Ами како ќе им погледне еден ден в очи на мајките и на татковците?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас сум збунет, долго патував.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Долго патуваше, се испоти од напорно и брзо влечење, но најпосле се довлечка до самата вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А ние долго патувавме. Една ноќ, по долго стоење на некоја станица, името не и го знам зашто не го видов, нѐ префрлија во воз со дрвени седишта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)